Нокаут фазата од премиерното издание на Светското клупско првенство во САД започна вчера. Челзи и Палмеирас го обезбедија своето место меѓу осумте најдобри.

Денеска на програмата се нови два натпревари. На актуелниот европски шампион ПСЖ на патот кон четвртфиналето им стои Интер Мајами, предводен од поранешната париска ѕвезда Лионел Меси.

ПСЖ го отвори Светското клупско првенство со убедлива победа од 4-0 над Атлетико Мадрид. Потоа следеше изненадувачки пораз од 0-1 на гостувањето кај Ботафого, но трите бода против Сиетл во последното коло беа доволни за да го обезбедат првото место во групата.

Интер Мајами, без Меси, не би играл во ова натпреварување, но дури и со Аргентинецот во тимот, никој не го гледаше во нокаут фазата. Во првото коло, клубот на Дејвид Бекам не успеа да го победи египетскиот Ал Ахли. Потоа го шокираше Порто во второто коло, а Меси постигна прекрасен гол. Аргентинецот секако ќе биде предводник на тимот од Флорида кој го има и Уругваецот. Луис Суарез.

Ќе биде интересно да го гледаме Меси против својот поранешен клуб со кој сепак не успеа да се искачи на врвот на Европа.

Натпреварот што ќе се игра во Атланта, ќе почне од 18 часот. Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Баерн Минхен – Фламенго што ќе почне од 22 часот.

Cup tree provided by Sofascore