Дури осум гола беа видени во натпреварот меѓу Порто и Ал Ахли на Светското клупско првенство. Дуелот заврши без победник 4:4, исход што не им одговараше ниту на португалскиот, ниту на египетскиот тим, па двата го завршија настапот.

Покрај убавите голови, натпреварот го одбележа Палестинецот, Весам Абу Али кој оствари хет-трик.

Ал Ахли водеше четири пати, но Порто исто така се враќаше од негатива четири пати. Последниот гол беше постигнат во 89-тата минута.

Стрелци на Ал Ахли беа Весам Абу Али три пати и Мохамед Бен Ромдане еднаш. Стрелци на Порто беа Родриго Мора, Вилијам Гомес, Саму и Пепе .