Атлетико Мадрид со пирова победа против Ботафого се прости од Светското клупско првенство. Tриумфот од 1:0 не му беше доволен на шпанскиот за пласман во следната рунда.

Ботафого успеа да одолее на секој налет на Атлетико Мадрид. Од 23 шутеви кон противничкиот гол успеа да реализира само 1. Стрелец на голот беше Антоан Гризман во 87.та минута по асистенцијата на Хулијан Алварез.

Ботафого се пласира во нокаут рундата на СКП како второпласиран во групата Б, со ист број на бодови како европските гиганти ПСЖ и Атлетико Мадрид, но со подобра гол разлика од Шпанците.