По победата на Ботафого против ПСЖ и Фламенго ги демолираше европските гиганти Челзи. Фламенго беше уште поубедлив победувајќи со 3-1.

Челзи први постигнаа гол и тоа уште во 13-тата минута, кога Педро Нето погоди за 1-0.

Фламенго беше многу подобар во второто полувреме. Во 62-та минута, бразилскиот тим израмни преку Бруно Енрике. Само три минути подоцна (65) Данило донесе предност на Фламенго од 2-1. Проблемите за Челзи не завршија тука. Во 69-тата минута, непромислениот старт на Николас Џексон, кој само што влезе во игра, му донесе веднаш црвен картон.

Со играч повеќе, Фламенго постигна уште еден гол (83) кога Волас Јан ги постави конечни 3:1.

Бразилскиот тим со максимални 6 бода е прв на табелата во Д групата во која Чези е втор со 3. Во оваа конкуренција се и тунискиот тим Есперанца и американскиот Лос Анџелес кои вечерва играат меѓусебно.