Машката младинската ракометна репрезентација на Македонија, денеска го почнува настапот на Светското првенство во Полска.
Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ кои изминатите 2-3 години имаа забележителни настапи, сега се пред нов предизвик. Тие ќе треба да потврдат дека резултатите од претходните големи натпреварувања, не биде случајни.
Како дел од групата Ф чиј домаќин е градот Катовице, прва задача е да се пласираат во втората рунда. Противници редоследно ќе им бидат Фарските Острови, Романија и Исланд.
Во оваа конкуренција треба да се биде меѓу првите две селекции на табелата кои ќе продолжат во главната „втора“ фаза.
Таму би следела далеку потешка задача бидејќи би играле со селекциите од Е групата, Франција и Данска кои се фаворити во конкуренција на Мароко и Мексико.
Но, како што истакна и селекторот Стојановиќ, ќе се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар, почнувајќи од денеска.
А, денеска во рамките од 1.коло Македонија ќе игра против Фарските Острови. Натпреварот ќе почне од 14 часот (термин во кој ќе се играат и следните два дуели), а ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.