На Светското клупско првенство што се одржува во САД следуваат нови три натпревари од воведното прво коло.
Возбудувањата на Светското клупско првенство продолжуваат вечерва, а ќе гледаме еден натпревар во европскиот термин.
Првото коло од Групата Д, го носи дуелот помеѓу англискиот Челзи и американскиот тим на ЛА Галакси. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Мерцедес-Бенц“ во Атланта, со почеток во 21 часот. Дел од оваа група се бразилскиот Фламенго и Есперанс од Тунис, кои ќе играат во 3 часот по полноќ по средно-европско време.
Интересно се очекува да биде на полноќниот меч од Ц групата во кој ќе се судрат португалскиот Порто и Бока Јуниор од Бразил. Во оваа група минхенски Баерн стартуваше со убедлива победа над Оукланд од Нов Зеланд кого го победи со 10-0.
Потсетување дека новиот европски шампион Пари Сен Жермен, успешно го отвори настапот на Светското клупско првенство. Светците лесно убедливо го совлада Атлетико Мадрид со 4-0 во натпревар од Б групата.
Турнирот на кој настапуваат 24 екипи поделени во осум групи ќе трае се до 13 јули.





































