Македонскиот вицешампион Металург Автокоманда го претстави своето прво ново засилување за претстојната сезона.
Станува збор за искусното лево крило Анастасија Николовска, која оваа сезона ја освои двојната круна со екипата на Ѓорче Петров.
Пред да игра за Ѓорче Петров, Николовска ги бранеше боите на Чаир, Пелистер и Вардар Јуниор. Таа е искусна ракометарка со богато искуство, а беше и дел од македонската женска репрезентација на Европското првенство во 2022 година. Исто така, има значајни настапи и за младинските национални селекции.
Екипата на Металург Автокоманда ја заврши сезоната на второто место во Женската Супер лига, со што избори пласман во европските натпреварувања за наредната сезона.
Ивона Кимовска





































