Индијана Пејсерс не успеаја да ја искористат првата посед на топката во серијата од финалето на Источната конференција на НБА. На гостински терен во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк Никс забележаа убедлив пораз од 111:94. Со овој триумф Њујорк намали на 2:3 во победи па во следниот во Индијанаполис, ќе се борат за „мајсторка“.

Пејсерси имаа премалку мотивирани играчи во овој натпревар. Од стартерите, освен Паскал Сиакам, другите понудија многу малку.

Овојпат Никсите влегоа во играта многу подобро и имаа целосна контрола на натоварат од самиот почеток.

Најдобри во побендичлката екипа беа Џејлен Брансон со 32, Карл-Ентони Таунс со 24 поени и 13 скока и Џош Харт со 12 поени и десет скока. За Пејсерс, Бенедикт Матурин постигна 23 поени со девет скока, а Сиакам додаде 15 поени со шест скока и пет асистенции.