Кошаркарите на МКК Куманово ја остварија првата победа во разгорувањето за 3.место во Првата лига.

Во првиот натпревар, кумановци славеа на гостувањето кај Работнички со 79-74.

Израмнет натпревар одиграа вие два тима, за што говори и резултатот. Прво полувреме го добија домашните кошаркари со еден поен предност (42-41). „Егал“ се играше и во третиот квартал (21-21), а решавачка беше последната четвртина. Гостите беа подобри во неа, запирајќи го Работнички на само 11 поени.

Во победничката екипа прв стрелец беше Тадиќ со 18 поени. Јанески броеше до 16, Радукиќ даде 14, а Луковиќ заврши со дабл-дабл со15 поени и 14 скока. Кај поразениот Работнички, прв стрелец беше Роше со 15 поени.

МКК Куманово ќе биде домаќин на вториот меч од серијата која се игра според системот „подобар во три натпревари“.