Завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција ќе се игра во Охрид.
Денеска со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните натпревари на „Ф4“ турнирот што ќе се игра во салата „Биљанини Извори“.
Како и лани, така и годинава во полуфиналето ќе се сретнат Алкалоид и Вардар. Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат актуелниот шампион Еурофарм пелистер и домаќинот Охрид.
првиот полуфинален меч е закажан за 31 мај од 17 часот, а во него бранителот на трофејот Алкалоид ќе игра против Вардар.
Второто полуфинале меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе се игра во терминот од 19:30 часот.
Финалето на програмата е ден подоцна (1 јуни) со почеток од 17.30 часот.





































