Екипата на Струга Трим Лум во своето второ финале во Купот на Македонија, ќе се обиде за прв пат да го освои трофејот.
Стружани кои во своите витрини имаат шампионски трофеи го посакуваат првиот од Купот. На патот до него им стои скопски Вардар.
„
Според мене, Вардар е фаворит на утрешниот натпревар. Сепак, дефинитивно сакам да победам во ова финале.
Вардар ќе игра пред свои навивачи, no ние сме подготвени да одговориме на секој предизвик “,
истакна тренерот Илчо Ѓорѓиоски.
И капитенот Бунјамин Шабани со нетрпение го очекува утрешното финале и верува дека тој ќе го подигне трофејот.
„ ќе дадеме свој максимум и мислам дека како екипа можеме да дојдеме до трофејот.
Претходните натпревари со Вардар не значат ништо, утре играме нов меч. Нијанси ќе го решаваат ова финале “,
вели Шабани.
Дуелот за трофејот во националниот Куп, меѓу Вардар и Струга ТЛ ќе се игра утре од 20 часот на арената „Тодор Проевски“.
АНКЕТА ФУДБАЛ КУП МКД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































