ФК Вардар по пауза од 18-години, утре повторно ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија. Вардарци за противник ќе го имаат екс-шампионот Струга Трим Лум.
Вардар во пролетниот дел од сезоната, игра како „препороден“ со доаѓањето на Гоце Седлоски.
Шефот на стручниот штаб на црвено-црните за утрешното финале, вели дека е
„ Сакаме да продолжиме со добрите резултати од последните месеци и да го освоиме Купот, иако сме свесни дека нема да биде лесно.
Ако играчите одиграат како во претходните шест месеци, се надевам дека трофејот ќе дојде во нашите витрини. “, истакна Седлоски на денешна официјална прес-конференција.
И капитенот Горан Закариќ, кој се покажа како столб во играта на вардарци, верува во успех.
„Се согласувам со тренерот Седлоски. Со помош на нашите навивачи можеме да се избориме за трофејот. Искрено се надевам дека сите ќе уживаме во овој натпревар“.
Покажавме пролетва што можеме, па мислам дека и утре ќе дадеме свој максимум за да стигнеме до успех“,, истакна Закариќ.
Вардар последен пат на Куп трофејот се радуваше во 2007-мата, кога ја совлада прилепска Победа.
АНКЕТА ФУДБАЛ КУП МКД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































