Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром е првиот тим што обезбеди пласман во финалето на плеј-офот.
Ова откако вечерва аеродромци славеа на гостувањето против Куманово и со 3:0 во победи ја затворија полуфиналната серија.
Победата МЗТ ја најави уште по првиот период што го доби со шест разлика, а на полувремето имаше убедливи +25 (28-53). Големата негатива придонесе и до голема нервоза меѓу кумановските навивачи кои се обидоа да се „разберат“ со нивниот играч Тадиќ. Мешаницата и физичкиот напад беше брзо решен од полицијата, која подоцна мораше да ја испразни салата.
Тоа ништо не промени во вториот дел, па на крајот МЗТ славеше со конечни 88-61 .
Кој ќе биде противник на МЗТ го дуелот за шампионскиот трофеј ќе дознеаме можеби веќе утре.
Имено за утревечер, е закажан третиот натпревар меѓу Работнички и ТФТ. Во нефо гостинската екипа на ТФТ ќе влезе со предност од 2:0 во победи, па доколку триумфира ќе му се приклучи на МЗТ во битката за трофејот.




































