На домашната спортска сцена, полека привршуваат и кошаркарските првенства во двете конкуренции, во кои на програмата е разигрувањето односно плеј-офот.

Дамите вечерва ќе го играат вториот натпревар од финалната серија, по која, ќе го дознаеме и шампионот за оваа сезона.

Актуелниот првак тимот на Баскет Кам веќе оствари една победа во дуелот со Крива Паланка.

Тимот од Македонска Каменица, атакува на својата четвртата титула, а предизвикувачот екипата на Крива Паланка по својот прв трофеј во клупската историја.

Денешниот втор финален натпревар што пак ќе се игра во Македонска Каменица ќе почне од 20 часот.

Шампионскиот трофеј ќе го освои екипата што прва ќе оствари три победи.