Шампионот Ѓорче Петров уште еднаш потврди зошто во моментов е најдобрата екима во женскиот македонски ракомет.
Во натпреварот од 19.коло, Ѓорче Петров триумфираше над Куманово со 31:20.
Натпреварот започна одлично за домаќините, кои поведоа со убедливи 3:0. Куманово одговори со голем напор и успеа да се доближи на само еден гол разлика, намалувајќи на 5:4. Сепак, ракометарките на Ѓорче Петров не дозволија израмнување со серија од 6:1 ја зголемија предноста на 11:5. Домашната екипа продолжи да се бори и успеа да ја намали разликата на 13:9, но до крајот на полувремето Ѓорче повторно ја презеде контролата и замина на пауза со убедливо водство од 18:10.
Во второто полувреме, шампионките продолжија во ист ритам. Во 36. минута ја зголемија предноста на +10 (21:11), со што практично го најавија исходот на натпреварот. Ѓорче во текот на натпреварот успешно ја одржуваше својата предност. Куманово неколку пати се обиде да ја намали разликата, но гостите не дозволија тоа да се случи. Крајниот резултат беше 31:20 за Ѓорче.
Најефикасни од Ѓорче Петров беа Дежиќ со девет и Вранчиќ со осум погодоци, додека од Куманово Зечевиќ постигна шест гола.
Ивона Кимовска





































