Сезоната во македонскиот фудбал полека завршува. Денеска ќе бидат одиграни последните натпревари во Првата лига.

33-отот коло треба да реши само една дилема, кој тим ќе игра во баражот за опстанок.

АП Брера и Беса се екипите што стрепат за опстанок во прволигашката конкуренција.

Струмичани се во мала предност со бод повеќе во однос на конкурентот. АП Брера денеска ќе игра пред своите навивачи, а во Струмица ќе гостува екипата на Работнички. Составот на Беса пак ќе гостува во Битола, кај Пелистер.

Доколку двата тима по оваа рунда имаат ист број на бодови, АП Брера ќе биде подобро пласирана, поради подобриот „скор“ во меѓусебните натпревари.

Како шлагер на крајот на сезоната доаѓа дуелот во Тетово каде новиот шампион Шкендија ќе го пречека второ пласираниот Силекс.

Последниот натпревар ќе се игра во Кавадарци, каде Тиквеш ќе игра против екс шампионот Струга Трим Лум.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА