Уште еден спектакл понуди популарното „Ел Класико“ дуелот на најголемите фудбалски ривали на светот Барселона и Реал Мадрид.
Мечот кој повеќе од јасно е решавачки за шампионската титула во шпанската Ла Лига го добија домаќините Барселона со 4-3.
И пак Барселона како и во дуелите со Интер во Лигата на шампионите мораше да надополнува негатива од два гола. „Кралевите од Мадрид со двата гола на Мбапе во 5.минута (од пенал) и 14-тата имаа водство од 0-2.
Но, тоа не ги поколеба домашните фудбалери. Тие до крајот на полувремето не само со ја анулираа негативата, туку и поведоа со два гола разлика. Гарсија во 19-тата намали на 1-2. Следуваа два гола во две минути, Јамал (32) за 2-2 и Рафиња (34) за 3-2. Со својот втор гол Рафиња во 45,минута поведе со 4-2.
И тоа не беше крај на возбудувањата, бидејќи ги имаше многу и во вториот дел. Бројните шанси, не досудени пенали, поништени голови, 100% не реализирани шанси беа само дел од понуденото. Фрацузинот, Мбапе во 70,минута го постигна третиот свој гол и намали на 4-3, што подоцна се покажа и како конечен резултат.
Со оваа победа Барселона сега има седум бодови повеќе од Реал на три кола до крајот на првенството. Повеќе од јасно е дека Барса е на чекор до освојување на шампионскиот трофеј.
Денешната беше четврта победа за Барселона во дуелите со Реал во исто толку одиграни натпревари.





































