Кошаркарите на ТФТ поведоа со 1:0 во победи против Работнички во полуфиналето на плеј-офот во Првата машка лига.

Во натпреварот број 1 на овие два тима одигран попладнево во СЦ „Кале“ тимот на ТФТ славеше по продолжение.

Домашниот тим имаше ие 15 поени разлика во вториот дел. Но, Работнички не се откажа и успеа тоа да го надополни. По регуларниотте 40 минути резултатот беше израмнет 86-86. Во дополнителните пет минути, повеќе концентрација и нерви имаа домаќините кои на крајот заслужено славеа со 98-90. .

Најефикасен играч во победничката екипа Говенс со 25 додека Браун постигна 21 .

И следниот натпревар (во среда) ќе се игра во СЦ „Кале“, по што на наредните два домаќин ќе биде Работнички.

Потсетување дека и полуфиналето се игра на три добиени натпревари, а водство од 1:0 во победи има и шампионот МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со МКК Куманово.