Кошаркарите на ТФТ и Работнички денеска ја започнуваат „битката“ за влез во финалето. Имено, во СЦ „Кале“ попладнево ќе се игра првиот полуфинален дуел на овие два тима во плеј-офот.
Екипата на ТФТ во овој меч влегува по одморени, бидејќи во четвртфиналната рунда одигра три меча со Чаир. Затоа пак Работнички имаше тешка серија со битолски Пелистер која ја доби по пет одиграни натпревари. Дали подолгиот одмор, заморот или играњето во континуиран ритам ќе биде предност или хендикеп, ќе покаже самиот натпревар.
Дуелот ќе почне до 18 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
Во разигрувањето за опстанок, односно плеј-аут конкуренцијата денеска се игра последното коло.
Останува една дилема. Кој ќе биде вториот тим покрај Вардар што следната сезона ќе се пресели во Втората лига, а кој ќе избори опстанок покрај Тиквеш.
Тоа може да биде разрешено уште по првиот меч, доколку Гостивар слави победа на гостувањето кај Вардар. Тогаш гостиварци и следната сезона ќе ги гледаме во прволигашката конкуренција.
„Кикс“ на Гостивар ќе чека Шкупи, кој во таква ситуација ќе мора да слави во Кавадарци кај Даваш, па само така би изборил опстанок.
И овие натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ:
ПЛЕЈ-АУТ Последно 6 коло
Сабота 10 мај
16.30 ВАРДАР – ГОСТИВАР
19.00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
ТАБЕЛА: Тиквеш 39, Гостивар 37, Шкупи 37 и Вардар 28