До четврток навечер ќе ги знаеме сите финалисти во трите клупски натпреварувања на УЕФА, а ние решивме да ги типуваме реванш-дуелите за стигнеме до добивка.
Билтенот на Златна Копачка е преполн со игри и највисоки коефициенти, токму тука ги најдовме типовите кои се надеваме дека овојпат ќе ги погодиме.
ИНТЕР – БАРСЕЛОНА: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ
По спектакуларните 3-3 во првото полуфинале, очекуваме Интер и Барса да приредат уште една епска битка, а подобриот да обезбеди место во големото финале кое ќе се игра во Минхен. Сите сценарија се можни, затоа ние ја избегнавме опцијата да одредуваме победник, но ќе чекаме барем по еден погодок во двете полувремиња.
СУПЕР СИНГЛ ТИПОВИ
ЖОЛТИ КАРТОНИ ИНТЕР: +1.5
ФАУЛИ ВКУПНО (ИНТ-БАР): -23.5
Нероаѕурите како домаќини да влезат агресивно во средбата и да не им дозволат на техничарите како Рафиња и Јамал лесно да ја пробиваат одбраната. Од друга страна, се надеваме дека Марчињак не ќе мора премногу да го користи свирчето, односно да нема повеќе од 23 прекини кога во прашање се фаулите.
ПСЖ – АРСЕНАЛ: 0-3 гола
Минималниот триумф од 1-0 за ПСЖ по средбата во Лондон ни сугестира дека и во реваншот ќе се игра тактички и претпазливо. Иако Арсенал ќе треба да нападне за да ги врати шансите за пласман во финалето, не очекуваме да има повеќе од три гола на „Паркот на принцовите“.
ФИОРЕНТИНА – БЕТИС: гол-гол
Бетис во реваншот ќе влезе со предност од 2-1, но никако не треба да се отпишат Виолетовите кои беа финалисти во претходните две сезони во Конференциската лига. И во овие 90 минути се очекуваат голови и неизвесност до последен момент.
МАН. ЈУНАЈТЕД – А. БИЛБАО: 3+ гола
Ѓаволите се практично со една нога во финалето по победата од 3-0 на гости, но Билбао е доста незгодна екипа и сигурно нема предвреме да се предаде. Очекуваме тимот на Валверде да запне да постигне барем еден гол што е можно побрзо, па затоа типуваме повторно да има барем три гола и во вториот меч.
БОДО-ГЛИМТ – ТОТЕНХЕМ 1+ гола во прво и 1-3 гола во второ
Иако Петлите имаат сигурни 3-1 од првата средба, Постекоглу нема ништо да остави на случајот и ќе бара од неговите избраници и во реваншот да ја наполнат противничката мрежа за да бидат сигурни финалисти. Барем еден гол во првото полувреме и од еден до три гола во второ е сосема возможно сценарио.
Нашата уплата стандардно е 200 денари, но вие може да вложите колку сакате доколку го одиграте нашиот предлог-тикет со шифрата за брза уплата. Првиот меч почнува вечерва во 21 часот, што значи дотогаш имате време да уплатите.
ШИФРА: W05061119004
