Кошаркарите на Работнички се последните што обезбедија пласман во полуфиналето на плеј-офот од Првата лига.

Ова откако попладнево во „мајсторката“ Работнички во супер драматичен натпревар славеше со 82-79 против битолски Пелистер и со 3:2 во победи ја затвори четвртфиналната серија.

Работнички одигра фантастично во првиот период што го доби со 16 разлика, а на полувремето замина со +14 (50-36). Вториот дел Пелистер успеа да се врати во игра и да надополни 12 поени, па во последниот период влезе со само два негатива (63-61). Веднаш на стартот па последниот, за прв пат битолчани успеаја да израмнат (63-63). На пет минути до крајот гостите поведоа со 71-73, што беше само нивно второ водство по она на почетокот 2-3.

Во последните 39 секунди до крајот се влезе со поен предност за Пелистер 76-77. Грешката на Костовски во нападот ја казани Шошкиќ со 2+1, за водство на Работнички 79-77 на 15 секунди до крајот. Одговорноста на спротивната страна ја презеде Американецот, Атнтоан кој со свој 18 поен израмни на 79-79. Во последниот напад на 4.секинди до крајот одговорност кај Работнички ја презеде младиот Шошкиќ кој со тројката со звукот на сирената му донесе триумф на својот тим.

Тој натпреварот го заврши со 23 поени и 8 асистенции, а поен повеќе (24) постигна ветеранот Ѓуровски.

Работнички во полуфиналето за противник ќе го има тимот на ТФТ кој како второ пласиран во лигашкиот дел ќе ја има предноста на домашниот терен. Првите два натпревари ќе се играат во СЦ „Кале“.

Полуфиналната рунда ќе биде отворена во петок со дуелот меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово. Пласман во финалето ќе обезбедат екипите што први ќе дојдат до три победи.