Фудбалерите на Вардар и Струга Трим Лум го одиграа премиерниот натпревар од 31.коло во Првата лига.

Дуелот на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, не понуди ништо интересно. Двата тима како да не беа заинтересирани за бодовите, а притоа можеби сакаа и да ги „скријат“ адутите за дуелот во финалето на Купот.

Единствениот удар во рамките од голот (кон вардаровиот) го видовме во 90-тата минута. Така љубителите на фудбалот и не видоа ама баш ништо, па затоа и резултатот беше оној почетниот 0-0.

Останатите натпревари од ова коло на програмата се утре од 17 часот.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА