Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), веќе ја имаше првата ,,акција”.
Имено, КФМ денеска ја комплетираше исплатата на официјалните лица, судии и делегати, во рамки на сите натпреварувања организирани од КФМ.
Во информацијата, споделена до јавноста, од федерација велат.
,,Кошаркарската Федерација сака да им се заблагодари на сите инволвирани за трпението и се надева дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви непријатни ситуации”.




































