Фудбалерите на Реал Мадрид остварија очекувана победа над Селта Виго во натпревар од 34 коло на Ла Лига.
Пред своите навивачи во Мадрид, Реал славеше со 3-2, по што остана на четири бода помалку зад водечката Барселона.
„Кралевите“ победата ја најавија уште во првиот дел кога преку Ѓулер (33.минута) и Мбапе (39) направија два гола предност. Французинот, Мбапе се запиша во листата на стрелците и во ториот дел (48), за убедливо 3-0.
Сепак до крајот на натпреварот не мина се така „мазно“ како што сакаа домаќините. Имено Селта со погодоците на Родригез (69) и Сведберг (76) намали на 3-2. Гостите од Виго притискаа и се обидуваа да стиогнат до израмнување, но на среќа на домашните навивачи и фудбалери не успеаја.
Сега Реал има 75 бодови, а Барселона 79, па неизвесноста околу шампионскиот трофеј, ќе потрае. До крајот на првенството има уште три кола, а веќе во следното Барселона и Реал ќе го играат меѓусебниот дуел.





































