Нова дерби пресметка во плеј-офот од Супер лигата непоразениот Вардар во оваа фаза од првенството гостува кај Алкалоид, финалистот на Европскиот куп.
Дуелот во Автокоманда може многу нешта да реши во борба за шампионската титула. Алкалоид пред се самиот решава со победа избраниците на Кирил Лазаров ќе се вратат во борба за шампионскиот пехар, иако до крајот ќе мора „дома“ да победуваат, а да чекаат и кикс на ривалите. Сепак високиот ритам на натпревари и повредите можат во многу нешто да бидат клучни.
„Црвено-црните“ победија во Битола и со тоа направија чекор кон титулата, победата и двата бода значат многу пред се психолошки, но на теренот решаваат нијанси. Вардар и во минатото на дуелите со Металург во Автокоманда секогаш знаел да одигра неизвесен и возбудлив натпревар.
Дуелот на сениорските тимови ќе има и најава со тоа што младинските состави на Алкалоид и Вардар од 13 часот играат реванш четвртфинален натпревар од првенството.
Со овој натпревар ќе биде комплетирано 6.коло од плеј-офот, во кое синоќа Еурофарм Пелистер го победи Тиквеш со 29:25, иако гостите на полувреме водеа со 12:11. На вториот дуел се случи и изненадување Бутел славеше победа над Охрид на гостувањето со 31:29.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 6.КОЛО
АЛКАЛОИД – ВАРДАР сабота 18 часот (пренос МРТ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 29:25
ОХРИД – БУТЕЛ 29:31
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 13 бодови, Вардар 12, Алкалоид 8, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 2.





































