Селекторот на машката сениорска репрезентација ракометна репрезентација на Макеоднија, Кирил Лазаров денеска излезе со нов списокот.

Сега Лазаров на „пописот“ на играчи повикани за натпревари во квалификациите за ЕП 2026-та има 21 ракометар.

Од првичниот со 35 ракометари, Лазаров сега од стандардните ги нема голманот Кизиќ и централниот бек Игор Ѓорѓиев кој како и Марко Митев, Цветан Кузманоски, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ се повредени.

Собирот на репрезентацијата е закажан за во недела на 4 мај (15:30 часот), во х. „Александар Палас“ во Скопје.

Првиот натпревар против Естонија македонските ракометари ќе го играат на гостински терен во Талин на 8 мај од 18 часот, . Последниот меч во овие квалификации против Литванија е на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот.