Сцената на „Монжуик“ е подготвена за уште една фудбалска класика. Барселона и Интер ќе ги одмерат силите во првиот полуфинален натпревар од УЕФА Лигата на шампионите.
Две екипи со богата историја, полни со фудбалска традиција и европска слава, влегуваат во битка за ново финале и нова титула.
Првата задача на двата тима е пласман во минхенскиот финале, но само за една од нив ќе има место таму. Целта е јасна, освојување на трофејот.
Традицијата на страна на Барселона
Овие два клуба се сретнале вкупно 12 пати меѓусебно, а најчесто во групната фаза. Во сезоната 2009/10 се соочија во групната фаза, каде Барса беше подобра (0:0 и 2:0), но Интер ја заврши сезоната како шампион. Најпознатиот дуел беше во полуфиналето истата сезона, кога Интер, предводен од Мурињо, ја елиминираше Барселона со вкупен резултат 3:2, а потоа стигна до титулата.
Барса досега се има радувано на шест натпревари, а Интер само на два.

Барса по деветтото, Интер по шестото финале
Барселона е петкратен европски шампион на Европа. Каталонскиот гигант последен пат ја освои титулата во 2015 година, победувајќи ја Јувентус, во свето последно финалето.
Претходно триумфираше во 1992, 2006, 2009 и 2011 година, а нивната офанзивна фудбалска филозофија остави траен белег во модерната историја на ЛШ.
Интер е трикратен европски првак. Двапати во 60-тите (1964, 1965), и третпат во славната сезона 2009/10 под водство на Жозе Мурињо. Дел од тој тим на „неро-азурите“ беше и Горан Пандев.
Последниот настап во финале им беше пред две години (2023), кога беа минимално поразени од Манчестер Сити со 1:0.
Вечерашниот дуел на „Монжуик“ меѓу Барселона и Интер ќе почне од 21 часот.