Со одигрувањето на натпреварите од последното 22.коло во Втората кошаркарска лига, познат е конечниот пласман на екипите на табелата.

Не очекуваниот пораз на штипските Соколи на гостувањето кај Работнички 2018, го дефинираше врвот на табелата. Поразот на штипјани го искористи тимот на Маџари кој со сигурната победа во Велес кај Борец заврши како прво пласиран.

На втората позиција заврши екипата на Ангели која со победата во Прилеп го прати Мега баскет во понизок ранг на натпреварување, заедно со Работнички 2018.

Вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. со гостинската победа кај Бутел заврши петти, а ботелчани како шести. За екипите на Водно Санс и Струмица ФМП, кои ги освоија 9 и 10-тото место, сезоната заврши.

Сега следува разигрувањето, почнувајќи со четвртфиналето, што се игра во два добиени натпревари, како и полуфиналната серија. А, токму таа (полуфиналето) што ќе ги даде финалистите, ќе ги промовира идните членови на Првата лига.

ВТОРА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ)

(1) МАЏАРИ – ОХРИД
(2) АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ
(3) СОКОЛИ – БУТЕЛ
(4) ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.

Во полуфиналето ќе играат победниците од дуелите 1 и 4 односно 2 и 3. Четвртфиналната серија според распоредот треба да стартува во среда 30 април.