Актуелниот кошаркарски порвак МЗТ Скопје Аеродром е на една победа од полуфиналето во плеј-офот.
Аеродромци убедливо го добија и вториот четвртфинален натпревар против Феникс. Откако пред три дена славеа со 23 разлика, денеска кошаркарите на МЗТ победија со 32 разлика (87-55).
Андреј Андоноски со 15 поени беше најефикасен играч во МЗТ за кој Едвин постигна 12 поени, додека Магдевски и Дамјан Стојановски по 10 поени,
Сега на МЗТ му треба само уште една победа да се пласира во полуфиналето. Во иста ситуација е и ТФТ кој денеска беше повторно подобар од Чаир.
Водосвет од 1:0 во триумфи и предност на домашен терен имаат и Куманово и Работнички. Кумановци против Кожув играат денеска, а утре Работнички го пречекува Пелистер.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Сабота / 26 април
19:00 КУМАНОВО – КОЖУВ (1:0 во победи)
ТФТ – ЧАИР 72-66 (2:0)
МЗТ СКОПЈЕ А. – ФЕНИКС 87-55 (2:0)
Недела
19:00 РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1:0)




































