Големото финале на Купот на Шпанија носи нов “Ел Класико” спектакл! Барселона и Реал Мадрид ќе се „судирот“ во дуелот кој како и секој нивни привлекува огромно внимание во целиот свет. Овојпат тоа е дуел за нов трофеј со што дополнително се зголемува лутиот ривалитет.
Елиминацијата на Реал од Лигата на шампионите и заостанувањето зад Барса во трка за шампионскиот трофеј во Ла Лига, дополнително ја подгрева атмосферата.,
Барса е далеку поуспешна во освојувањето на трофеите
Барселона е најуспешниот клуб во историјата на Купот на Кралот, со 31 освоена титула од вкупно 42 финални настапи. Каталонците традиционално ја користат оваа сцена за да демонстрираат шампионски менталитет, а овојпат ќе сакаат да потврдат дека нивното ново поколение е подготвено да ја продолжи победничката традиција.
Реал Мадрид, пак, има освоено 20 титули од 40 финални натпревари. Иако во последните години поретко стигнуваше до завршницата на купот, “Кралскиот клуб” секогаш знае како да се мотивира за големи натпревари и ќе се обиде да го освои трофејот што му недостига во последните сезони.


Традицијата во финалните дуели на страна на Реал
Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат во своето осмо финале на Купот на „Кралот“. Во овие пресметки, Реал Мадрид има мала предност со четири победи, додека Барселона славела три пати.
Последната финална пресметка меѓу овие два гиганта се одигра на 16 април 2014 година на стадионот Местаља во Валенсија. Реал Мадрид тогаш победи со 2-1, со голови на Анхел Ди Марија и Гарет Бејл,
Ова финале претставува судир не само на најголемите ривали во шпанскиот фудбал, туку и на две екипи кои имаат длабока традиција, неисцрпна амбиција и квалитет за да понудат спектакл за паметење.
Натпреварот ќе се одигра во Севилја со почеток во 22 часот .