Вечерашниот дуел помеѓу Олимпик Марсеј и Стразбур ни донесе одличен натпревар, бројни дуели и картони и дури четири гола, а средбата заврши без победник 2-2.
Со нерешен резултат Марсеј остана на втората позиција во најдобрата француска лига.
На „Велодром“ домаќинот брзо остана со 10 играчи, кога во 29 минута Балерди поради остриот старт беше исклучен (црвен картон).
Сепак тоа не причинуваше тешкотија за Марсеј бидејќи Мбемба го донесе првото водство со гол во 49 минута.
Во 76 минута, по проверка на ВАР беше донесена одлука за удар од „белата точка“ кој го реализира Алексис Санчез.
Радоста на екипата на Тудор, не траеше долго поради изедначувањето на Стразбур со два брзи гола на Ахолу во рок од две минути.
Со ова реми Марсеј остана на втората позиција на табелата, со 10 поени зад лидерот ПСЖ, а 2 пред Ленс кој денеска убедливо го победи Клермон со резултат 0-4.