Екипата на Чаир, во рамки на 14. коло од Женската Супер лига, го пречека тимот на Металург Автокоманда. Натпреварот заврши со победа на гостинската екипа со резултат 30:33.
Од самиот почеток натпреварот се водеше во изедначено темпо, без ниту една екипа да успее да се одвои со значајна предност. Резултатот постојано се менуваше и остануваше нерешен сè до 26. минута, кога Металург направи серија од три последователни гола, со што обезбеди водство. На полувреме, резултатот гласеше 17:14 во корист на гостинската екипа.
Во второто полувреме, Металург успешно ја одржуваше предноста стекната во првиот дел. Во 39. минута имаа водство од +4 (18:22), но тимот на Чаир не се предаде. Со борбена игра, домаќините успеаја да ја намалат разликата на само еден гол (23:24), а до 45. минута целосно се вратија во натпреварот и израмнија на 25:25. Чаир успеа да израмни, но не и да поведе, што му даде шанса на Металург да ја преземе иницијативата. Гостите одговорија со серија од 5-0, со што повторно се одлепија и поведоа со 31:26. До самиот крај, Металург успешно ја контролираше играта и ја одржуваше стекнатата предност. Иако Чаир се обидуваше да се врати, гостите не дозволија изненадување, па натпреварот заврши со конечни 33:30 во нивна корист.
Најефикасна кај Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловска со десет погодоци, исто толку постигна и Теодора Дукоска од Чаир.
Вчера фаворитите славеа победи и тоа Ѓорче Петров против со 33-19, а Вардар на гости во Штип против Астибо со 33-29.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 29 бодови, Металург Автокоманда 23, Чаир 19, Вардар 9, Куманово 7, Астибо 0.
Ивона Кимовска