На двата одиграни натпревара од 1.коло од женската Супер лига победи постигнаа фаворитите.
Шампионот Ѓорче Петров славеше на гостувањето во Битола против Пелистер со 33:28. Резултатот беше нерешен до средината на првиот дел и 8:8, а потоа следуваше серија на гостинските ракометарки со 6-2 за 14:10 што се покажа решавачко. Катерина Дамјановска од Ѓорче Петров постигна 8 голови, а Мари Франсоа од Пелистер беше најефикасна со 9 голови.
На дуелот во Чаир истоимената екипа го совлада тимот на Стружанка со 31:23. Со по пет голови кај победничката екипа најефикасни беа: Попова, Ѓеоргиевска и Николовска, додека на дуелот најпрецизна беше Ивана Затуроска од редовите на тимот од Струга со 8 голови.
На вчера одиграните дуели: ЖРК Куманово – ЖРК Овче Поле СУ 34:20 и ЖРК Вардар – ЖРК Металург 25:25.
Табела: Ѓорче Петров 21, Чаир 15, Металург 12, Вардар 12, Куманово 12, Пелистер 3, Стружанка 3, Овче Поле СУ 3.