Во машата ракометната Супер лига конкуренција денеска ќе се играат по два натпревари во пле-офот и аутот.
Откако вчера Алкалоид си ја заврши својата работа, денеска настап на Еурофарм Пелистер и Вардар во трката за шампионскиот трофеј.
Актуелниот првак и лидер на табелата Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел, а Вардар го пречекува тимот на Тиквеш. Двата натпревари ќе почнат од 19 часот.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-ОФ 4.КОЛО
четврток
ВАРДАР – ТИКВЕШ 18 часот
БУТЕЛ – Е. ПЕЛИСТЕР 18 часот
среда
ОХРИД – АЛКАЛОИД 28-36
ТАБЕЛА (плеј-оф): Е.Пелистер 9 бодови, Вардар 8, Алкалоид 8, Охрид 3, Тиквеш 3, Бутел 0.
Еден час подоцна (19) ќе стартуваат двата дуели од плеј-аутот.
Во Велес кај Фруит Ленд Борец ќе гостува Струга во меч кој директно може да реши за опстанок во суперлигашката конкуренција. Во вториот натпревар тимот на Прилеп го пречекува последно пласираниот Радовиш.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) ПЛЕЈ-АУТ 4.КОЛО
четврток
Ф.Л. БОРЕЦ – СТРУГА 19 часот
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 19 часот
среда
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 24-20
ТАБЕЛА (плеј-аут): Пролет 8 бодови, Прилеп 7, Куманово 5, Ф.Л. Борец 3, Струга 3, Радовиш 0.