Женската ракометна репрезентација го одигра првиот бараж натпревар против Полска, во борбата за пласман на Светското првенство 2025. Македонските ракометарки со пораз од четири разлика 18:22 се враќа од гостувањето во Полска.
Домашната селекција успеа да поведе со 3:1, наметнувајќи свое темпо уште од самиот почеток. Полската репрезентација полека ја зголемуваше предноста и до 15-тата минута водеа со 8:4. Нашите репрезентативки успеаја да се доближат на 8:6. Но противникот со серија од 5:1 стигна до предност од +6 (13:7). На полувреме, Полска замина со сигурно водство од 14:8.
Во второто полувреме, репрезентацијата на Полска продолжи со истото темпо и цврста игра. До 39-тата минута веќе имаа предност од +8 (19:11), одржувајќи ја контролата врз натпреварот. Нашите репрезентативки се обидуваа да ја намалат разликата, но домашната селекција беше доминантна и сигурна во својата игра. Во 49-тата минута Полска ја достигна својата највисока предност од +10 (22:12), но нашата репрезентација не се предаде. Со одлична завршница и серија од 6-0, успеа да ја намали негативата и да го постави конечниот резултат на 22:18, задржувајќи реални шанси пред реваншот.
Најефикасна во нашата селекција беше Ристовска со осум погодоци, додека Коларовска, Гакидова и Дамјановска постигнаа по два гола.
Таквата игра, треба да биде и репер за реваншот како да се игра на реваншот во Битола, закажан за во сабота (12 април) од 19 часот.
Ивона Кимовска