Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија вечерва гостува во Кошалин кај Полска.
Македонските ракометарки во бараж, двомечот со Полска ќе „бркаат“ нов настап на Светските првенства.
Селекторот Кристијан Грчевски веќе го одбра тимот од 16 ракометарки кои ќе се обидат да остварат позитивен резултат вечерва, со кој ќе ги зголемат шансите во реваншот.
Вториот натпревар ќе се игра во Битола во сабота (на 12 април) од 19 часот. Картите за тој меч се веќе пуштени во продажба.
Вечерашниот дуел меѓу Полска и Македонија ќе почне во терминот од 20.30 часот.
Ивона Кимовска





































