Вторник обично е празничен ден за нас како фудбалски фанатици бидејќи со нетрпение ги чекаме четвртфиналните дуели во сите три натпреварувања на УЕФА, а најмногу Лигата на шампионите.
За гледањето на натпреварите да биде повозбудливо, составивме предлог-тикет со најдобрите коефициенти кои може да се најдат само во Златна Копачка. Одигравме за сите три дена, а се одлучивме на овие шест дуели со кои ќе бркаме солидна добивка.
АРСЕНАЛ – РЕАЛ МАДРИД: Тим 2 2+ гола
Фактот што Арсенал ќе игра без стоперот Габриел, ни дава надеж дека брзоногите офанзивци на Кралевите ќе имаат многу шанси за да ја затресат мрежата на Раја. Тој терет ќе биде на Винисиус и на Мбапе, а Реал секако е фаворит во овој двомеч и ние одлучивме да се потпреме на таа улога.
БАЕРН МИНХЕН – ИНТЕР: Тим 2 1+ гола во второ
Уште еден европски класик во кој тешко е предвреме да се одреди победникот, но имајќи во предвид дека Баварците не се комплетни во одбаната, гостите од Милано со сигурност ќе напаѓаат да постигнат барем еден гол пред реваншот идната недела.
БАРСЕЛОНА – Б. ДОРТМУНД: 1-1
Актуелниот европски вицешампион иако стигна до топ 8 фазата, речиси да нема шанси против разиграните Каталонци кои целат на самата титула во ЛШ. Се надеваме дека тимот на Флик ќе заврши поголем дел од работата во првите 90 минути.
ПСЖ – АСТОН ВИЛА: 3+ гола
Парижаните се етаблираа како сериозни кандидати за титулата, особено откако го елиминираа еден од фаворитите за европскиот трон Ливерпул. Сепак, со оглед на тоа дека утревечер ќе го пречекаат поранешниот тренер Емери со неговата амбициозна Астон вила, најдобра опција е да се очекуваат многу голови во оваа средба.
БОДО/ГЛИМТ – ЛАЦИО: 2
Лацијалите се наметнаа меѓу фаворитите за трофејот во Лигата на Европа, но прво ќе треба да ја надминат норвешката пречка наречена Бодо. Лацијалите загубија само еден меч од вкупно 10 сезонава во ЛЕ, а ние очекуваме нивниот квалитет да биде доволен за гостински триумф.
ЛИОН – МАН. ЈУНАЈТЕД: гол-гол
Црвените ѓаволи ретко сезонава успеваат да ја сочуваат мрежата, без разлика дали играат во англиското првенство или на меѓународната сцена. Истото може да се каже и за Лион, па затоа најдобра опција е да се типува дека двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок во овир 90 минути.
Првите натпревари на тикетот почнуваат вечерва во 21 часот, затоа имате време дотогаш да ја искористите шифрата за брза уплата доколку се нафаќате да ја одиграте нашата визија. Ние вложивме 200 денари, на вас останува со колкав влог ќе го копирате нашиот предлог-тикет.
ШИФРА: W04081087729




























