Овој викенд се игра 12.коло од плеј-офот и 6.коло од плеј-аутот во женската Супер лига, а на програмата се неколку возбудливи натпревари.

Првиот натпревар ќе се одигра во салата „Христо Батанџиев“, каде што Ѓорче Петров во 12:00 часот ќе го пречека Астибо. Ѓорче Петров е голем фаворит во овој дуел и се очекува сигурна победа.

Плеј-офот ни носи две дерби-средби. Денеска од 14:30 часот, во салата „Автокоманда“, Металург ќе го пречека Вардар во натпревар што ветува неизвесност. Утре, пак, во рамките на плеј-офот, Чаир ќе се соочи со Куманово. Овој натпревар е закажан за 18:00 часот во салата „7-Март“.

Во плеј-аутот денеска ќе се одигра еден натпревар, додека утре се закажани уште два. Вечерва, во 20:00 часот, во спортската сала „ФФОСЗ“, силите ќе ги одмерат Спартак и Деспина.

Утрешната програма продолжува со дуелот помеѓу Шампион и Пелистер, кој ќе се игра во Битола од 15:00 часот. Последниот натпревар од ова коло ќе се одигра во салата „Цар Самоил“, каде што Овче Поле ќе го пречека Ѓорче Петров МРК во 20:00 часот.

Ивона Кимовска