Второлигашката кошаркарска конкуренција од денеска до среда ги носи натпреварите од 20-тото коло. Во него, првопласираните три екипи на табелата, ќе играат на гостински терен.

Лидерот Маџари ќе и гостува на екипата на Бутел која се бори за место во плејофот. Втори пласираниот Ангели ќе игра против „фенерџијата“ Работнички 2018. Овие дуели се закажани за денеска, а утре во „Јане Сандански“ кај МЗТ Скопје УБ гостуваат штипските Соколи.

Еден од најинтересните натпревари, а можеби и решавачки за пополнување на плејоф конкуренцијата ќе се игра без публика. Во него за позицијата што води во разигрувањето ќе се борат Водно Санс и Струмица ФМП. Со ист императив ќе се игра и натпреварот во Прилеп, каде Мега баскет го пречекува Охрид.

Најинтересните натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 20.КОЛО

Сабота / 5 април
12.30 РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ
13.00 ВОДНО САНС – СТРУМИЦА ФМП
16.00 БУТЕЛ – МАЏАРИ
Недела / 6 април
15.00 МЕГА БАСКЕТ – ОХРИД
18.30 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – СОКОЛИ
Среда – 9 април
19.30 ЦРН ДРИМ – БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: Маџари 35 бодови, Соколи 34, Ангели 34, Црн Дрим 30, Борец баскет 29, МЗТ Скопје У.Б. 29, Бутел 28, Охрид 27,  Мега баскет 25, Водно Санс 25, Струмица ФМП 24, Работнички 2018 21.

Следете нé на социјалните мрежи