Речиси два месеци секој вторник и петок предлагаме тикет на колото неуспешно, па чувствуваме дека викендов конечно ќе бидеме добитни во Златна Копачка. Играме кај нив, бидејќи освен најголемата понуда и највисоките коефициенти, ги имаат и најголемите придобивки, а како мал пример за да го потврдиме овој факт е тоа дека викендов даваат 500 евра на тикетот кој ќе има најмногу погодени парови, без разлика дали тикетот е добитен или не.

Ние не бркаме 500 евра, бркаме сигурна добивка, па еве го нашиот предлог тикет.

Парма vs Интер: 0-2 гола во прво полувреме и 1-3 гола во второ

Нероаѕурите одиграа два натпревари за шест дена, па очекуваме заморот да ги стигне против млекарите од Енио Тардини. Затоа типуваме дека во прво полувреме нема да има три или повеќе гола, а во второ ќе биде постигнат барем еден или нема да има повеќе од четири.

Оваа игра ја има само кај Златна Копачка, а коефициентот е одличен да се проба.

Манчестер Јунајтед vs Манчестер Сити: Гол-Гол

Сити фатија залет, Јунајтед и прима и дава голови, па затоа дербито на Манчестер го играме со типот гол-гол.

Марсеј vs Тулуз: 1+ 1+

Марсеј редовно игра на голови, во последно време и повеќе прима од што дава, а бидејќи три натпревари по ред губат, очекуваме со сите сили уште од првата минута да тргнат против Тулуз. Гостите, исто така се екипа која сака да игра на гол повеќе. Затоа 1+ гол во прво и 1+ гол во второ полувреме.

Рома vs Јувентус: 2+ второ полувреме

И двете екипи се одморени речиси цела недела, така да очекуваме спектакл на Олимпико. Раниери и Рома се во форма, а Тудор и Јувентус полека се навикнуваат. Очекуваме голови и тука, но за да го зголемиме вкупниот коефициент, ќе пробаме 2+ второ полувреме бидејќи коефициентот од 2.40 навистина не примами.

Болоња vs Наполи: Гол-гол

Последниот дуел од колото во Италија се игра во понеделник, а Наполи или ќе брка победа за да ја одржи разликата со Интер или ќе брка победа за да ја намали истата. Како и да е, се освен победа на гостите ќе биде еднакво на неуспех, додека од друга страна ги имаат незгодните од Болоња, кои и оваа сезона се борат за Лига на шампиони и дома речиси и да се несовладливи. Затоа наш тип за овој дуел е гол-гол.

Реал Мадрид vs Валенсија

Мадриѓани можеби со мислите се насочени на дуелот со Арсенал, но во сабота не смеат да изгубат или да изиграат нерешено бидејќи сериозно би можеле да заостанат зад Барселона. Затоа 1-1 и решавање на победник уште во првото полувреме, а коефициентот за оваа игра е и повеќе од одличен.

Доколку ти се допаѓаат нашите предлог парови за ова коло и причините зошто ги играме, можеш да го уплатиш овој тикет до сабота до 16:30 часот во било која обложувалница на Златна Копачка, кажувајќи го следниот код:

W04040952183