Во 11.коло од женската Супер лига, екипата на Ѓорче Петров беше домаќин на тимот на Чаир. Со доминантна игра во второто полувреме, Ѓорче Петров заслужено го совлада Чаир со 37:29.
Екипата на Чаир поведе рано во натпреварот, стекнувајќи предност од 6:4 во 7-та минута. Сепак, Ѓорче брзо возврати со серија од 2-0, израмнувајќи на 7:7. Во продолжение, двата тима играа изедначено, водејќи израмнета борба на теренот. На полувреме, Ѓорче успеа да замине со минимална предност од 20:19.
Второто полувреме започна во ист ритам како што заврши првото, со неизвесна и изедначена игра. Домашната екипа во 39-та минута успеа да стекне предност од 26:24. Ѓорче Петров продолжи со одлична игра, постепено зголемувајќи го водството. Со серија од 4-0, тимот успеа да се одлепи и да поведе со 30:25. Чаир се обидуваше да ја намали негативата но, домаќинот не дозволуваше и ја одржуваше предноста. Во 56-та минута, Ѓорче Петров имаше убедлива предност од шест гола (34:28).
До крајот на натпреварот, домашниот тим ја задржа контролата и го постави конечниот резултат 37:29.
Најдобар стрелец од домашната екипа беше Дежиќ со 9 погодоци, додека од Чаир Гулицоска постигна исто толку.
Ивона Кимовска





































