Првиот дерби натпревар во ракометниот плеј оф го добија ракометарите на Вардар кои вечерва пред своите навивачи го совладаа Алкалоид со 34:26 (15:13) и барем за момент избија на првото место на табелата, до утрешиот натпревар на Еурофарм Пелистер.
Почетокот на дуелот мина во знакот на „црвено-црните“ кои поведоа со 3:0, но гостите брзо успеаја да изедначат на 4:4. Тимот на Лазаров единственото водство во првиот дел го имаше со 6:5. Следуваше период каде се играше гол за гол за 9:9, кое беше последно израмнување во првиот дел. Вардар направи нова серија од три гола, која Алкалоид се обиде да ја намали на еден негатива, но во последниот напад на гостите домашниот голман Еспиња имаше две одбрани и резултатот остана 15:13.
Белег на првиот дел остави бекот на Вардар Вуко Борозан со 7 голови од 15 на неговата екипа, додек кај Алкалоид голманот Иван Галевски одбрани два седмерци, а „вардарци“ промашија уште еден од вкупно шест колку ги имаа за 30 минути игра.
На стартот од вториот дел „црвно-црните“ со играч помалку реализраа контра, по десет минути стигнаа и до +5 (21:16). Алкалоид во 45.минута намали на 23:20, но заморот го направи своето и помалиот фонд на играчи придонесе Вардар повторно да го зголеми водството и стигна до +6 (27:21) во 52.минута. До крајот на дуелот Вардар ја задржа високата предност.
Најефикасен на натпреварот беше Борозан од Вардар со 9 голови, додека кај Алкалоид Серафимов постигна 8. Голманот на Вардар Еспња дуелот го заврши со 14 одбрани.
Натпреварот имаше и хуманитарен карактер, средствата од влезниците се наменети за настраданите од несреќата во Кочани.
ДВОЈКИ 1.КОЛО – ПЛЕЈ ОФ:
БУТЕЛ – ОХРИД 20:22
ВАРДАР – АЛКАЛОИД 34:26
19:00 ТИКВЕШ – Е.ПЕЛИСТЕР (четврток)
ТАБЕЛА: Вардар 4 бодови, Е.Пелистер 3, Охрид 3, Алкалоид 2, Тиквеш 1, Бутел 0.
ДВОЈКИ 1.КОЛО – ПЕЛЈ АУТ:
ПРОЛЕТ – СТРУГА 30:23
МРК КУМАНОВО – РАДОВИШ 24:19
ПРИЛЕП – Ф.Л.БОРЕЦ 28:21
ТАБЕЛА: Пролет 5, Прилеп 4, МРК Куманово 4, Струга 1, Ф.Л.Борец 1, Радовиш 0.