Во првото дерби од 11.коло на женската плејоф Суперлига, Вардар на домашен терен убедливо го совлада Куманово со 33:23. Вардарки ја наметнаа својата игра и заслужено стигнаа до важна победа во првенството.
Натпреварот започна со водство на Вардар од 2:0, но Куманово брзо израмни на 2:2. Гостинскиот тим во еден момент успеа да стекне минимална предност, но вардарки веднаш се вратија во игра. Следеше изедначен период во кој двете екипи се менуваа во водство, но ниту една не успеа да се одлепи. Во 15-тата минута Вардар го презеде водството со 9:7, а до крајот на првото полувреме успеа да ја одржи предноста, заминувајќи на пауза со резултат 17:15.
Во второто полувреме домаќините целосно ја презедоа контролата врз играта. Иако во почетните минути се играше израмнето, со игра гол за гол, Вардар во 46-тата минута успеа да се одлепи на +4 (24:20). Куманово се обидуваше да се врати во натпреварот, но вардарки не дозволија изненадување и постепено ја зголемуваа предноста. Со серија од 5-0, домашниот тим стигна до убедливи 29:21, а до крајот само ја зголемуваше разликата. На крајот, Вардар славеше со убедливи +10 (33:23), запишувајќи значајна победа во дербито.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Богојеска со 10 погодоци, додека Миленковска постигна 6, а Кимовска 5 гола. Кај Куманово, Зечевиќ беше најдобар стрелец со 8 гола, а Несторовска даде7 погодоци.
Денека се игра и дуелот во Штик каде Астибо го пречекува второ пласираниот тим на табелата Металург Автокоманда.
Второто дерби од оваа рунда на програмата е утра, а во него лидерот и актуелен шампи0он Ѓорче Петров е домаќин на Чаир.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Металург Автокоманда 15, Чаир 15, Вардар 7, Куманово 5, Астибо 0.
Ивона Кимовска