Во 10. коло од плеј-офот на женската Суперлига се одигра возбудлив дерби-дуел меѓу лидерот Ѓорче Петров и второпласираниот Металург Автокоманда. Ѓорче Петров со одлична игра успеа да триумфира над Металург со 27:21.
Натпреварот започна изедначено, но Металург направи серија од 3-0 и поведе со 7:4. Гостинската екипа успеа да ја одржи оваа предност во текот на натпреварот. Но, домашната екипа не се откажа и во 25-тата минута со серија 5-1 успеа да израмни на 11:11. На полувреме Ѓорче замина со предност од 13:12.
На почетокот на второто полувреме се играше неизвесно и израмнето. Во 36-тата минута Ѓорче успеа да поведе со минимални 17:15, задржувајќи ја предноста и покрај обидите на Металург да ја намали разликата. Со цврста игра во одбраната и ефикасност во нападот, Ѓорче во 47-мата минута го зголеми водството на +5 (23:18), одржувајќи контрола врз натпреварот.
До крајот, Ѓорче продолжи со одличната игра, постојано зголемувајќи ја својата предност, за на крај да триумфира со убедливи 27:21.
Најефикасна од тимот на Ѓорче беше Дежиќ Ивана со 11 погодоци, додека од Металург Јанкуловска постигна 5 гола.
Ивона Кимовска





































