Вардар вчера го доби вечното дерби со Пелистер со 3-1, но јасно беше дека овој натпревар ќе има свое продолжение. Ова впрочем го најавивме и ние по одигрувањето на натпреварот и ќе беше вистинско чудо на не се случеше.

Први се огласија битолчани кои реагираат на арбитражата, односно неизедначениот критериум што го демонстрираат одредени судии. 

Соопштението на ФК Пелистер во го пренесуваме интегрално.

Почитувани
ФК Пелистер чувствува потреба да се обрати до јавноста по последните несреќни и неадекватни арбитражи на нашите натпревари.

Со целосен респект и поддршка за судискиот систем и разбирање дека задачата на судиите без ВАР-системот не е едноставна, апелираме нашиот клуб, кој е култен, традиционален, најгледан сезонава во Првата лига, да биде соодветно третиран.

На последните два натпревари против Шкупи и Вардар свeдoци сме на целосно извртен и тендециозен критериум, што е многу полош симптом од една индивидуална грешка, која секому може да му се случи. Но, кога критериумот не е изедначен и кога една грешка се надоврзува на друга, апелираме да биде преиспитан перформансот на одредени судии.

На споменатите натпревари грешките директно влијаат на резултатот, а со тоа и на изгледот на табелата. Со мирен и професионален тон нагласуваме да се изедначат критериумите, да се постават најдобрите судии за најдобрите натпревари и да се остават во мир да ги носат клучните одлуки. Во овој период на сезоната сведоци сме дека тоа и не е баш така.

Спортски поздрав
ФК Пелистер