Фудбалерите на Реал Мадрид мораа добро да се испотат и помачат за да го совладаат тимот на Леганес.
Во дуелот од 29.коло на Ла Лига одигран во Мадрид, Реал со пресврт во второто полувреме го победи Леганес со 3-2.
Во првиот дел беа постигнати три гола., Реал поведе во 32.минута со голот на Килијан Мбапе од пенал.
Гостите успеаја да направат комплетен пресврт. Со погодоците на Гарсија (38) и Раба (41), Леганес на одмор замина со водство од 1-2.
Во второто полувреме, благодарение на Џуд Белингам и Мбапе, Реал стигна до победа и три бода. Прво Англичанецот во 46.минута го израмни резултатот на 2-2. Французинот со својот втор гол, му донесе победа на Реал од 3-2.
Реал останува на втората позиција на табелата зад Барселона, а двата тима имаат по 53 бодови. Лидерот Барселона утре ја пречекува Џирона на Бојан Миовски.





































