Победи пред домашната публика остварија кошаркарите на Пелистер и Кожув во дуелите од 21.коло на Првата лига.
Двата тима ги оправдаа улоигите на фаворити со екипите кои ќе се борат за опстанок.
Во Битола, Пелистер славеше во дуелот со последно пласираниот Вардар кој сезонава нема победа. Во Гевгелија тимот на Кожув го совлада претпоследно рангираниот Шкупи. Претходно, денеска и Работнички го победи Гостивар кој е трет одоздола на табелата.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло
Сабота / 29 март
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 98-57
КОЖУВ – ШКУПИ 94-89
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 79-90
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
Петок / 28 март
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А. 77-85
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 37 бодови, Работнички 35, Кожув 34, Пелистер 34, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Феникс 31, Чаир 30, Тиквеш 29, Гостивар 28, Шкупи 28, Вардар 21.




































