во Првата машка кошаркарска лига, денеска ќе се одиграат нови три натпревари.

Ова 21-во коло беше отворено вчера со дуелот Феникс и МЗТ Скопје Аеродром кој го добија аеродромци. Со оваа победа МЗТ ја потврди првата позиција од која ќе влезе во плеј-офот. Феникс пак ќе ги чека исходите од другите натпревари, односно конкурентите, за место во разигрувањето. Но, тие натпревари на програмата се утре.

Денеска оние во кои дел од екипите сакаат што подобро да се позиционираат пред плеј-офот.

Во нив Работнички, Кожув и Пелистер ќе атакуваат на победи против Гостивар, Шкупи и Вардар екипи кои немаат шанси за плеј-офф.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло

Сабота / 29 март
17.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – ШКУПИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
Петок / 28 март
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А. 77-85

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови, Работнички 33, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Кожув 32, Пелистер 32, Феникс 31, Чаир 30, Тиквеш 29, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 20.