Во 10-тото коло од женската Супер лига, екипата на Чаир го пречека тимот на Вардар.

Чаир заслужено славеше над тимот на Вардар со 37:31.

Гостинките го отворија натпреварот подобро и во 5-тата минута поведоа со 4:2. Сепак, домаќинките брзо се вратија и успеаја да израмнат на 5:5. Следеше серија од 2-0 на екипата на Чаир кои стигнаа до предност од 10:8. До крајот на првото полувреме, домашната екипа го задржа високото темпо и успеа да замине на одмор со водство од 17:13.

Во 36-тата Чаир имаа предност од +4 (20:16). Вардарки се обидуваа да се вратат во игра, но домаќинките вешто ја контролираа ситуацијата и не им дозволуваа да израмнат. Напротив, Чаир продолжи со цврста игра и постепено ја зголемуваше својата предност. До 49-тата минута, разликата порасна на +7, а резултатот гласеше 31:23 во корист на домашната екипа.

До крајот, Чаир продолжи со одличната игра, постојано зголемувајќи ја својата предност, за на крај да триумфира со убедливи 37:31.

Ивона Кимовска