Со натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“„ почна претпоследното 21.коло во Првата кошаркарска лига.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој ја имаше улогата на гостин, славеше очекувано над Феникс со 85-77.
Аеродромци победата ја најавија уште во првото полувреме. Во него сино-белите имаа и најголеми +18 поени разлика, а на одмор заминаа со предност од 15 разлика.
Иако домашниот состав го доби вториот дел, сепак Феникс не успеа да ја надополни негативата.
Американецот, Едвин со 21 поени и 9 скока беше орво име во тимот на МЗТ за кој Магдевски постигна 16 поени. За поразената екипа Димитриев реализира 15 поени.
Со оваа победа МЗТ Скопје само го потврди првото место на табелата во пресрет на плеј-офот.
Феникс пак ќе треба да ги чека резултатите од останатите натпревари, за да знае дали ќе ги сочува шансите за пласман во разигрувањето.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло
Петок / 28 март
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А. 85-77
Сабота / 29 март
17.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – ШКУПИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 36 бодови, Работнички 33, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Кожув 32, Пелистер 32, Феникс 31, Чаир 30, Тиквеш 29, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 20.




































